Во Њујорк средба Попоски-Венизелос

Од:

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Њујорк ќе се сретне со грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, јави дописникот на МИА.

Средбата е закажана во 12 часот по њујоршко време, а се одржува на маргините на 68-то Генерално собрание на ОН.

Тоа ќе биде втора средба на Попоски и Венизелос. Првата беше одржана на 22 јули во Брисел.

Централна тема на денешниот состанок во Њујорк се очекува да биде спорот за името.

Венизелос во понеделникот, по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, изјави дека Македонија мора да го прифати грчкиот предлог за ново име со географска одредница кое ќе се применува во сите случаи, ерга омнес. Министерот Попоски на тоа возврати дека рамките на спорот поставени од Обединетите нации и пресудата на Меѓународниот суд на правдата јасно покажуваат што може, а што не може да биде наметнато во спорот.

poposki-fule2

Попоски вчера, за време на високата расправа за почитувањето на владеењето на правото, на забелешка на министерот за надворешни работи на Холандија Франс Тимерман, изјави дека Обединетите нации не успеваат да обезбедат почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата кој најде дека Грција го прекршила меѓународното право кога го блокираше приемот на Македонија во НАТО во 2008 година.

Попоски синоќа во Њујорк се сретна со комесарот за проширување на Европската Унија Штефан Филе. Од кабинетот на Попоски информираат дека на средбата се разговарало пред се за редовниот извештај на Европската Унија за Македонија и за напредокот на Македонија во целина.

– Се разговараше за некои детали за извештајот за напредокот, во рамките на настаните во изминатите месеци. Се разговараше и за можностите како да се забрза динамиката на евро-интеграциите, изјавија за МИА од македонската делегација во Њујорк.

Утре вечер, претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации, а следниот ден ќе има средба и со генералниот секретар Бан Ки-мун, чиј кабинет најави дека по неколку недели амбасадорот Метју Нимиц ќе свика средба на двајцата посредници во разговорите.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија