СДСМ: Поминаа ден-два, пожарите не се под контрола, а лопатарот Мицкоски и министрите се шетаат

Од:

Од првиот ден на пожарите, Мицкоски не знае што прави и како треба да ја менаџира кризата со пожарите. Целосно отсуство на одговорност и грижа се забележува кај премиерот, кој смета дека ако избега во странство или се бави со фрлање лопати на нови чешми, проблемот ќе исчезне, велат од СДСМ.

– Ветуваше дека за ден-два ќе биле пожарите под конотрола, па откако работата отиде јабана, избега во странство. Откако виде дека лопатите не помагаат реши дека е најдобро да не е во земјата. Додека граѓаните со лопати самите гасат, тој фрла лопати за ПР.

Целата планина Серта е изгорена како резултат на спората реакција. Ова го потврдува локаланото население кое самото тврди дека четири и пол дена не добиле соодветна подрршка и не се сфаќала состојбата сериозно.

Во моментов под закана е Пелистер, гори на 13 места, а Мицкоски си тера протоколарни настани за да помуабети со Орбан. Ништо корисно нема државата од неговите патувања, освен дека си прави фамилијарни прошетки.

Ваква недоговорност не е забележана од ниеден премиер во минатото.

Го повикуваме Мицкоски да го прекине шетањето по светот и удобните патувања на трошок на народот да ги замени со работа, за што е платен токму од граѓаните, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев