СДСМ: Скандалот „фамилијарни патувања“ се проширува, дали и сопругата на Муцунски патувала за Вашингтон?

Од:

Скандалот фамилијарните патувања за САД на претставниците на Владата се проширува. Според инфомрациите кои ги пласираат дел од медиумите, сопругата на Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон. И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на државен трошок. МНР никогаш не ги објави имињата на целата делегација и сега станува јасно зошто е тоа така. Очигледно е дека одењето за Вашингтон имало за цел да се истераат фамилијарни одмори, а не да се тера дипломатија. Не е ни чудно тоа што Самитот на НАТО беше дипломатски дебакл на нашата делегација, очигледно приоритетите биле други, велат од СДСМ.

„СДСМ бара Тимчо Муцунски веднаш да ја објави листата на сите кои патувале на државен трошок во САД. Ако како што вели немало што да се крие, зошто не објавува и ја затвори оваа тема еднаш засекогаш? Бараме Мицкоски конечно да ги покаже приватните сметки кои тврди дека ги платил од џеб за синот. И тој се крие веќе трети ден и ништо не кажува на темата а граѓаните чекаат одговори. Ова ли се луѓето кои обвинуваат за душманско трошење на парите од буџетот? Ова ли се луѓето кои ветуваа транспарентност и отчетност? Се кријат и молчат и со тоа јасно докажуваат дека се криви. СДСМ располага со уште скандали од ова патување кои ќе ги објавиме наскоро“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

СДСМ: Дали Христијан Мицкоски спие мирно?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер