Првото истражување на јавното мислење по обидот за атентат: Трамп во водство пред Бајден

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е во водство пред Џозеф Бајден, актуелниот шеф на Белата куќа, покажуваат резултатите од најновото истражување на јавното мислење, во пресрет на претседателските избори закажани за првиот вторник во ноември!

Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, Трамп има два процентни поени предност пред Бајден. За него би гласале 43 отсто од испитаниците, а за Бајден 41 отсто.

Она што загрижува е дека огромното мнозинство од испитаниците, кои исто така се регистрирани гласачи, се загрижени за „хаосот во Америка“. Дури 80 отсто од нив сметаат дека „земјата излегува од контрола“ по нападот на Трамп.

Маргината на грешка во истражувањето е плус или минус до три проценти. Истражувањето беше спроведено на вториот ден од Националната конвенција на Републиканците во Милвоки, каде Трамп го избра сенаторот од Охајо Џеј-Ди Венс за свој кандидат.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд