МВР со детали за убиството во Македонски Брод: При чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум

Од:

МВР извести дека вчера полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги уапсиле Т.Т.(63) од Македонски Брод, А.Т.(39) од Македонски Брод, Д.Д.(21) од с.Суводол, Македонски Брод и И.М.(29) од Кичево, поради сомнение за инволвираност во кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.

„Како што претходно пријавил Т.Т., околу 23 часот, во дворот од неговата куќа во с.Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С.(31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од здобиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски

Горан Наумовски

Обвинителството располага со цврсти докази за сопружниците за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, мотивот ќе се истражува дополнително

Сопружници од Скопје го убиле лекарот Ацо Трповски чие тело беше пронајдено пред повеќе од две години

30-годишен скопјанец со нож во двор од семејна куќа си го уби својот татко

Горан Наумовски

Го избодел татко му повеќе од 30 пати, Обвинителстовто бара пратвор за убецот од Чаир

Катерина Ѓуровски

Син уби татко во Скопје

А1он