Оставајте садови со вода за бездомните животни и птиците апелира „Лајка“

Од:

Со оглед на тоа што деновиве температурите во целата држава се екстремно високи, а метеоролозите најавуваат дека во наредниот период ќе се уриваат температурни рекорди, апелираме до граѓаните да не ги забораваат животните и да обезбедат свежа вода пред нивните порти и влезови на згради, со цел да се освежат напуштените животни и птици. Исто така препорачуваме да ја менувате водата неколку пати во текот на денот, за да биде што е можно свежа. Замолуваме секако да се внимава на уредноста и не се нарушува комуналната хигиена велат од „Лајка“ во апелот до граѓаните.

– Сметаме дека ваквиот потег никого од нас не не чини ништо, а од друга страна правиме големо хумано дело бидејќи напуштените животни и птици поради крзното и пердувите тешко поднесуваат високи температури, па затоа во недостиг на вода неретко паѓаат немоќни и зашеметени, страдаат од срцев удар . Исто така апелираме до сите сопственици на домашни миленици да не ги изнесуваат животните на прошетка кога се високи температурите, туку тоа да го прават рано наутро или навечер. Сите оние сопственици кои чуваат миленици во своите дворови се должни да им обезбедат сенка, и свежа вода. Држењето на животните на ланец или изложени на сонце без да можат да се засолнат е мачење и кривично дело, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Законот што треба да го реши проблемот со бездомните кучиња четири години е заглавен, општините речиси и не плаќаат за „Лајка“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тино и Атанас во кампањата на „Лајка„: Вдоми затоа што животот е поубав со куче

„Лајка“: Напуштањето миленици е суровост, не постои оправдување

Тим на „Лајка“ спаси куче паднато во Вардар

Го врзале и го оставиле без храна и вода – „Лајка“ сподели ужасна приказна на напуштено куче

„Лајка“ оваа седмица ќе заловува во Аеродром