СДСМ: За лошата состојба со пожарите да има одговорност, Владата на Мицкоски целосно потфрли

Од:

Состојбата со пожарите низ државата е алармантна и излезена од контрола. Владата и надлежните институции целосно потфрлија и задоцнија во реакцијата со што дозволија да изгорат околу 1500 хектари зеленило ширум државата, а само во неготинско преку 1000 хектари на планината Серта вели пратеникот на СДСМ Миле Талески.

– Пожарот во неготинско е започнат на 9 јули во 11 часот. До 13 јули на полноќ, односно цели 4 и пол дена откако СДСМ реагираше заедно со граѓаните дека состојбата е алармантна, не беше прогласена вонредна или кризна состојба. Со тоа директно се оневозможува барање на помош од странство. Цели четири дена до 13 јули до полноќ Владата ја игнорираше кризата која сега прераснува во еколошка катастрофа.Од 9 до 13 јули, месното население, со многу слаба организација и поддршка се бори со огнот за да се спасат селата Пепелиште и Восјанци. За цел тој период, односно 9,10 и 11 јули градоначалникот на Неготино, Горан Стојков се сонча во Грција на одмор. На ум не му паѓа да се врати во Неготино. Тој не е присутен ниту на вонредната седница на советот на 10 јули, ниту за време на формирање кризен штаб. Неверојатна неодговорност на ВМРО-ДПМНЕ, вели Талески.

Вели дека според информациите, првпат дури на 14 јули започнува реална организација околу гаснење на пожарите, или точно пет дена откако е почнат пожарот. Во тој момент според локалното население веќе се изгорени 1000 хектари површини.

– Додека граѓаните апелираа по социјалните мрежи, а СДСМ јавно бараше брза реакција, Мицкоски реши дека е подобро да оди во Охрид да фрла лопати околу да се грижи за безбедноста на граѓаните. Доколку кризниот штаб му беше приоритет на Мицкоски, а не лажните промоции на проекти, можеше да се спаси поголем дел од она што сега е уништено.Во целата ситуација Претседателката Сиљановска исчезна и се занимава со протоколарни средби. Се што дознавме е дека Сиљановска не можеле да ја најдат два дена да ги потпише одлуките за прогласување на кризна состојба. Лежерноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ е реална опасност по здравјето и безбедноста на граѓаните, рече Талески.

Би можело да ве интересира

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја