Ширум Македонија попладнево се одиграа реваншите од осминафиналната фаза во купот.
Дури на четири средби се изведуваа пенали откако се постигнаа идентични резултати како на првите натпревари.
Помеѓу осумте најдобри не успеа да се пласира шампионот Вардар и покрај денешната победа над Металург. „Железарци“ одат понатаму поради гол повеќе постигнат на гостински терен.
Двојки и резултати од денешните реванш средби во осминафиналето и вкупни резултати:
Македонија ЃП – Шкендија 0:2 (0:4 вкупен резултат)
Вардар – Металург 2:1 (2:2)
Ренова – Тетекс 2:2 (2:2, на пенали 6:7)
Миравци – Пелистер 2:0 (0:2, на пенали 2:3)
Дрита – Силекс 1:0 (0:1, на пенали 8:7)
Брегалница – Хоризонт Турново 1:0 (1:1, на пенали 3:0)
Новаци – Работнички 1:2 (1:6)
Напредок – Гостивар 1:2 (4:2).
Во следната фаза се пласираа Шкендија, Металург, Тетекс, Пелистер, Дрита, Брегалница, Работнички и Напредок.