Бајден и се обрати на нацијата од својот дом: „Се обидов да дојдам до Трамп“

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата од неговиот дом во Делавер по пукањето на митингот на Трамп.

Тој вели дека се обидел да дојде до поранешниот претседател Доналд Трамп, кој е „со своите лекари“. „Се чини дека му оди добро. Планирам да разговарам со него наскоро“, објави тој.

„Во Америка нема место за вакво насилство. Болно е, болно е“, рече тој. Бајден потврди дека федералните агенции се вклучени во истрагата за пукањето.

„Тоа е една од причините зошто мораме да ја обединиме оваа земја. Не можеме да дозволиме ова да се случи, не можеме да бидеме вакви, не можеме да го одобриме ова“, додаде тој.

Новинарот го праша дали верува дека се работи за обид за убиство. „Сакам да се уверам дека ги имаме сите факти“, одговори тој. Тоа беше краткото обраќање на американскиот претседател кој заклучи дека „сите мора да ги осудат“ насилните сцени во Пенсилванија.

Би можело да ве интересира

Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски

ВИДЕО: Атентаторот на Трамп 12 часа се криел во грмушки пред да биде откриен

Трамп ги обвини Бајден и Харис: Се обидуваат да ме убијат поради вас

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

ВИДЕО: Со калашников дошол на 400 метри од Трамп, втор обид за атентат во два месеци

Катерина Ѓуровски

„Вашингтон пост“: Откриени нови, но бројни пропусти во обезбедувањето на Трамп