Кина: НАТО ја загрозува глобалната безбедност

Од:

Акциите на НАТО, кои сега планираат да ги прошири своите пипала во Азија, претставуваат закана за стабилноста на светот и регионот, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Тој посочи дека таканаречената безбедност на Алијансата е вистински извор на ризици кои го загрозуваат глобалниот мир и стабилност.

– Како наследство од Студената војна и најголемиот воен сојуз во светот, НАТО тврди дека е одбранбен сојуз, а во исто време продолжува да ги пробива границите, да го проширува својот мандат, да излегува надвор од својата одбранбена зона и да предизвикува конфликти, рече Лин.

Тој истакна дека Кина силно се спротивставува на обвинувањата на Алијансата против Пекинг, како и на употребата на Кина од страна на НАТО како изговор за проширување на исток во азиско-пацифичкиот регион и за раздвижување на работите таму. Според него, Пекинг го повикува НАТО да се откаже од менталитетот на Студената војна и да престане да создава имагинарни непријатели насекаде.

Денеска во Вашингтон започнува тридневниот самит на НАТО, по повод 75-годишнината од постоењето на тој воен сојуз, а главна тема на состанокот ќе биде потврда на непоколебливата поддршка за Украина.

Сојузниците, исто така, ќе разговараат за зајакнување на одвраќањето и одбраната, зголемување на военото производство и индустриската база, подобрување на партнерствата во Алијансата и инвестирање во сопствената и колективната одбрана на членките на НАТО.

Би можело да ве интересира

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Предраг Петровиќ

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Руски беспилотни летала го нарушија воздушниот простор на НАТО

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик