Левица: Градоначалникот Хекуран Дука да ги отстрани исцртаните фашистички симболи во Дебар

Од:

На едно од најфрекфентните места во Дебар, експлицитно се исцртани фашистички симболи, за што Левица апелира до Градоначалникот на Дебар – нивно итно отстранување. Станува збор за графити со карта на балистичката творба „Голема Албанија“, како и кукаст крст или „свастика“ – симболот на нацистичка Германија, кој претставува универзален симбол на фашизмот. Графитите се исцртани на веќе иронично наречената улица „Братство-Единство“, се вели во реакцијата на Левица.

„Левица јавно ги повикува градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука, и надлежните служби во Општина Дебар во најкус можен рок да ги отстранат овие провокаторски симболи, а воедно и јавно да го осудат присуството на фашистички симболи во јавниот простор!

Ова дело го претставува само последниот акт на отворено глорифицирање на симболи, кои се повикуваат на екстремно застапената фашистичка идеологија и со тоа директно задираат во и така кревките меѓуетнички односи во Македонија. Овој чин поттикнува целосно непотребна омраза во една од малкуте преостанати општини во кои несегрегирано живеат повеќе етникуми.

Популарноста на ваквата иконографија нас како партија не нè изненадува, бидејќи, за жал, во Македонија постојат повеќе политички субјекти кои се претставници на фашистичката идеологија особено во т.н Албански блок. Станува збор за коалицијата „Европски Фронт“ предводена од терористичката ДУИ, како и коалицијата „Вреди“ која ја сочинуваат, исклучиво, необалистички партии.

Ја потсетуваме јавноста дека Политичката партија Левица уште во 2022 година во Собранието на Република Македонија поднесе предлог-резолуција против глорификација и рехабилитација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици, но очигледно е дека до ден денес оваа резолуција се чува во фиока“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра

Левица: ЕСМ со скандалозен тендер за фирмата „Пуцко Петрол“ од ДУИ

Левица: Незаконскиот фараонски мандат мора да заврши – јавниот сервис да се врати на јавноста

Горан Наумовски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Левица: Вработените без плати, Алиу без одговори – Кој ја „пере“ пералната на Клинички