Лефков: Филипче спроведе скандалозен тендер за стерилизација во 2019 година со контроверзна албанска компанија

Од:

Во киднапираната СДСМ се чудат од каде нивниот претседател Филипче и нивниот газда Заев се поврзуваат со криминал и корупција. Доволно е само да ги прочитаат медиумите што во Македонија, што во регионот, и да се уверат дека двоецот Филипче – Заев се шампиони по коруптивни зделки велит пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Филипче како министер во владата на Заев го спроведе скандалозниот тендер за јавно приватно партнерство за стерилизација, од 2019-тата година, тендер за кој и врапците знаеа дека ќе го добие компанија од Албанија уште само што се распиша. Но тоа не го спречи Филипче да го истурка овој тендер тежок 14 милиони евра, што само покажа уште тогаш дека на позицијата министер за здравство е поставен од страна на Заев за заедно да ги тераат матните милионски тендери и наместо здравствен систем за граѓаните, да градат систем за полнење на приватни џебови. Имено за овој случај таму се води истрага и отпочнат е судски процес во кој опфатени се и поранешни високи функционери во министерството за здравство. Се надеваме дека Филипче и СДСМ прочитаа дека во Албанија е уапсен поранешен министер за здравство за слични матни тендери и зделки, откако од минатата година тамошното антикорупциско обвинителство започна истрага за концесијата за стерилизација, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски