Кузеска: Македонија се претвори во Диз Запад, ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци

Од:

Изминаа шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ раководи со МВР а Панче Тошковски е министер. За овие шест месеци, Македонија се претвори во Див Запад, опасно место каде секојдневно се случуваат убиства, палење на автомобили и насилство кое останува нерасчистено, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Последното убиство во Тетово е само еден од низата на нерасчистени случаи заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ кои кога и да се на власт, во државата царуваат уличните банди. Само за потсетување, ни помалку ни повеќе, туку точно четири убиства и 3 обиди за убиства се нерасчистени во последните шест месеци или во просек едно месечно. За потсетување, се уште нема епилог од 1 јули кога имаше пукање во Батинци кон автомобил во кое загина едно лице. Второ, нема никаков епилог и во фамозниот случај во кој во Железара матичниот 67-годишен лекар Ацо Трпковски беше пронајден избоден на паркинг пред поликлиниката. Овој случај датира уште од март. Понатаму, нема никаква разрешница ниту за убиството во Горно Блаце од февруари годинава. Таму со прострелни рани од автоматско оружје пронајдено тело на 56 годишник. Одиме понатаму, нема никакво решение или епилог за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново кон кој беше пукано од возило, а повредени беа возачот на градоначалникот и еден вработен во општината. Следно, МВР беше неспособно да открие и што се случило во Тетово во април годинава кога имаше пукање врз куќа на семејството Терзија во Тетово и обид за убиство. И конечно, нема разрешница ниту за нападот на Бит пазар порано овој месец кога 25 годишник бил физички нападнат и имало обид за убиство, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Полициска акција: специјалци апсат во скопски Аеродром

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он