Лефков: Филипче во ковид кризата преговараше вакцини двојно поскапи од вообичаеното

Од:

Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските вакцини во ек на Ковид. Филипче преку фирмата Стабри Интернешенал од Хонг Конг формирана само три месеци откако СДС дошле на власт во 2017-тата година сакаа да купат вакцини повеќе од 100% поскапо од тоа што го плаќаа другите држави. рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Додека другите држави купуваа кинески вакцини по најмногу 30 долари, Филипче сакаше преку посредничка фирма да плати 62 долари, што е најмалку 100% повеќе. Овој скандал го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, а обвинителството на Заев го заташка и не го истражи. Од 200.000 вакцини, Филипче и Заев на фирмата посредник и местеле над 6 милиони евра провизија. Филипче доаѓа за претседател на СДС поставен од Заев, со цел и двајцата да го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив, а ако во тоа не успеат, да се жалат дека се гонети како последица на политички притисок. Филипче кој сакаше да го краде својот народ во ек на Ковид додека илјадници умираа и страдаа, нема морална величина да биде претседател на партија, а потоа наместо во партија, треба да се најде пред суд, вели Лефков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?