Претседателот Иванов на „Спортски Бон-Тон” во Дебар

Од:

Карванот „Социјална и етничка интеграција преку спортот „Спортски Бон-Тон“ денеска престојуваше во Дебар, а со учениците од седум градови од Македонија се дружеа и шефот на државата Ѓорге Иванов, кој е покровител на проектот и дебарскиот градоначалник Ружди Љата.

– Задоволство е да се види како деца од повеќе општини другаруваат и како меѓусебно се почитуваат. Всушност, Дебар е вековен пример за меѓусебно почитување, така што и преку овој проект се трудиме оваа традиција на Дебар да продолжи и да биде позитивен пример и децата кои дошле од други општини да се запознаат со своите дебарски другарчиња, да спортуваат и преку спортот тоа да го учат, изјави претседателот Иванов, по средбата со градоначалникот и со учесниците во спортските активности.

Според Иванов, се прават напори децата да научат како да го почитуваат противникот, како да ги почитуваат правилата кои важат и во спортот и во животот. Овој проект, нагласи тој, не е само едукативен, туку делува и во зближување на децата кои доаѓаат од различни средини.

За градоначалникот Љата посебно задоволство за Дебар и дебрани е што претседателот и деца од повеќе општини се гости на градот.

– Тоа значи дека доколку ние возрасните не дојдеме до тој разум да размислумаве за Европа, децата веќе почнале да живеат европски и се надевам дека така и ќе продолжи и Македонија и сите ние, рече Љата.

Носител на проектот е Здружението за развојни иницијативи – Геостратешки институт „Глобал”, чиј претседател, Иван Атанасовски, нагласи дека спортот може да биде одговор на сите девијантни работи што се случуваат во нашето општество.

– Токму преку вакви активности ние сакаме тоа да го покажеме во партнерство со општините вклучени во неговата реализација – Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и Теарце, рече тој.

Покровител на настанот е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со поддршка и од амбасадата на САД во нашата земја.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on