Грција гори, жителите спас бараат во морето

Од:

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска на состанок на неговиот кабинет предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарот.

„Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и да го свртам вниманието на сите нас назад кон летото кое се предвидува да биде особено опасно“, рече Мицотакис, пренесува Катимерини.

Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време, кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени, ја зголеми нивната фреквенција и интензитет.

Само викендов десетици пожари избувнаа низ Грција, вклучително и два во близина на главниот град Атина.

Мицотакис рече дека во двата пожари изгореле околу 100.000 квадратни метри земјиште и оти штетата е ограничена поради брзата реакција на државната служба за вонредни состојби.

Нови пожари денеска избувнаа на островите Хиос и Кос во источниот дел на Егејското Море, а во гаснењето се вклучени сите расположливи пожарникари.

Грчките служби за итни случаи издадоа наредби за евакуација на жителите од областа Метохии на западен Хиос, повикувајќи ги да се упатат кон блиската плажа, пренесува АП.

Малку појужно, на островот Кос, противпожарната служба соопшти дека 20 пожарникари, хеликоптер и доброволци се борат со пожарот што избувна во централниот дел на островот.

Би можело да ве интересира

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари