ФОТО: Трето издание на Skopje design week

Од:

Од 1 до 6 октомври во Скопје ќе се одржи третото издание на Skopje design week кое на едно место ќе ги собере дизајнерите и компаниите. Покрај домашни присутни се и светски брендови, а Швајцарија е во фокусот на ова издание од каде е најавено учество на седум компании.

Организаторите очекуваат ова трето издание да биде потврда на изградениот идентитет на фестивалот како дома, така и во регионот со кој најмногу се соработува.

Skopje design week3 (4)

Марта Грнчарова Наумовска, програмски директор на манифестацијата, истакнува дека резултатот е во поврзувањето помеѓу дизајнерите и компаниите што веќе вродува со соработки и реализирани проекти на различни нивоа и во различни области.

Според неа, целта е да се зајакне врската меѓу дизајнерите и бизнис секторот и да се почне со креирање конкретни производи.

Skopje design week3 (2)

Александар Велиновски, директор на Skopje design week, вели дека од една страна најголемиот воочен проблем е јазот меѓу креативното и применливото, меѓу идејата и реализацијата.

– Производствените и увозно ориентираните компании, од друга страна, разбраа дека потрошувачите се едуцираат и дека и тие треба да бидат во чекор со времето за да опстанат на пазарот и да го зголемат својот обем на работа и профит. Токму затоа критериумите за изложување и учество годинава се заострени, како за компаниите, така и за младите таленти, вели Велиновски.

Skopje design week3 (1)

Новина е што годинава ќе има можност да се презентира дизајн во подготовка на храна, како и дел за здрава храна за деца. Ќе се одржат повеќе работилници, како и музичка програма.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски