Заглавено семејство во поплавена куќа во село Сиричино

Од:

Во поплавена куќа во село Сиричино, општина Јегуновце, има заглавено семејство, соопшти Центарот за управување со кризи.

Територијална противпожарна единица Тетово, како што велат од ЦУК, работи на нивно извлекување.

Силно невреме денеска попладне го зафати Тетово и околината. Од ЦУК информираат дека големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од педесетина куќи и објекти во пониските делови на градот. Силниот ветер и градот направиле штети на земјоделските култури и овошните насади, но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Невремето предизвика поплави и штети во повеќе региони

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

Невремето во Скопје направи пустош, поплави и заглавени возила

Предраг Петровиќ

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот