На осум стадиони низ Македонија денеска од 15 часот и 30 минути ќе започнат реваншите од четвртфиналната фаза.
Највисока предност по првите натпревари имаат Работнички и Новаци, а најнеизвесно се очекува да биде во Охрид и Штип каде домаќините Вардар и Брегалница ќе стартуваат со негатива од еден гол против Металург, односно Хоризонт.
Двојки и резултати од првите средби:
Македонија ЃП – Шкендија (0:2 прв натпревар),
Вардар – Металург (0:1),
Ренова – Тетекс (2:2),
Миравци – Пелистер (0:2),
Дрита – Силекс (0:1),
Брегалница – Хоризонт Турново (0:1),
Новаци – Работнички (0:4),
Напредок – Гостивар (3:0).