(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден прогласи состојба на голема катастрофа поради шумските пожари во јужната американска држава Ново Мексико, во кои загинаа најмалку две лица и уништија околу 500 домови, изјави денеска претставник на Белата куќа. Прогласот овозможува понатамошна федерална поддршка и помош од Федералната агенција за управување со вонредни состојби на погодените заедници, рече официјалниот претставник, пренесе Ројтерс.

Најмалку две лица загинаа во пожарите во јужниот дел на Ново Мексико, кои уништија повеќе од 1.400 домови и други објекти.

Поради природната катастрофа околу 8.000 жители се евакуирани од планинскиот туристички центар Руидозо.

Неидентификувани скелетни останки на едно лице се пронајдени на возачкото седиште во опожарен автомобил, соопшти полицијата во Ново Мексико. Втората жртва е идентификувана како 60-годишниот Патрик Пирсон.

Помали пожари горат на околу 220 километри јужно од Албакерки, главниот град на оваа сојузна држава, се додава во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски