(ВИДЕО) Втора жртва во експлозијата на бомба во Црна Гора, загинал и член на Шкаљарскиот клан

Од:

Утрово во Цетиње експлодирала бомба пред Спортскиот центар, а во експлозијата загинал членот на Шкаљарскиот клан, Петар Калуѓеровиќ, неофицијално потврдуваат за „Блиц“.

Извор на „Вијести“ од врвот на Црногорската полициска управа изјави дека на повредите им подлегнало уште едно лице, член на истата организирана криминална група.

Да потсетиме, за „Блиц“ беше потврдено дека утрово околу 9 часот имало експлозија во Цетиње.

Од силината на детонацијата испукани се прозорците на зградите, а откорнато е и дрво, јавуваат локалните медиуми.

На местото на настанот е и градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Русија: Голем број мртви и ранети во експлозија на бензинска пумпа

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голема експлозија: 19 мртви