Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека НАТО го прави она што му го кажува Пентагон и дека во оваа меѓународна воено-политичка организација нема демократија.
– Генералниот секретар на НАТО не одлучува за ништо, туку го прави она што го кажува Пентагон, а Пентагон и Американците се наши заштитници. Таму нема демократија – рече Милановиќ.
Тој изјави дека е против испораките за војната во Украина организирани од НАТО.
– НАТО директно, логистички, шпедитерите организираат испораки за војната во Украина. Јас сум против тоа, додека секогаш сум бил и ќе бидам за доставување хуманитарна помош – изјави Милановиќ за ХРТ.
Тој посочи дека сега станува сосема јасно дека војната не може да се добие на овој начин.
– Војната не може да се добие без нуклеарна ескалација – рече Милановиќ.
Потсетувајќи дека претседателските избори во САД се во ноември, Милановиќ посочи дека се се прави со цел да му се помогне на актуелниот претседател.