Килиан Мбапе (25) нема да мора да оди на операција откако го скрши носот на мечот против Австрија (победа од 1:0), прв за Франција на ЕП. Да потсетиме, 25-годишниот напаѓач се повреди во дуелот со Кевин Данс и мораше да ја напушти играта пред крајот на натпреварот. Иако првичните прогнози сугерираа дека тој е под знак прашалник за остатокот од турнирот, вестите од Франција велат дека е можно, иако не е веројатно, тој да се појави уште на натпреварот во петок против Холандија.
Мбапе беше прегледан во болница во Дизелдорф, по што се огласи Француската фудбалска федерација.
„Мбапе се враќа во кампот на француската репрезентација. На францускиот капитен му помогнаа медицинскиот персонал и докторот Франк Ле Гал, кој му ја констатирал скршеницата. Мбапе ќе биде на лекување неколку дена, но нема да оди на операција. Во блиска иднина ќе му биде направена маска за да може да се врати во натпреварувањето по третманот“, се вели во соопштението на Француската фудбалска федерација.