Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20 или 22 јуни

Од:

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков вечерва пред почетокот на седницата на ова партиско тело изјави оти очекува новата влада да биде ставена на гласање во Собранието околу 20 или 22 јуни.

„На 18-ти претседателот Мицкоски ќе ги поднесе имињата на министрите, всушност ќе ја поднесе новата влада и очекувам околу 20-ти или 22-ви да дојдат на гласање во Собранието“, изјави Љутков.

Тој не сакаше да ги коментира објавите во изминатиот период дека ќе биде предложен за министер за култура и туризам, но оцени дека тоа Министерство ќе биде едно од помоќните во новата влада.

„Со новата реорганизација која што беше изгласана пред некое време, ние работевме на фузирање на двата сектора култура и туризам и мислам дека ќе биде едно од помоќните министерства на новата влада“, рече Љутков.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница ги утврдува кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, по што ќе заседава и Централниот комитет. Имињата на идните членови на владата и одуките на партиските тела ќе ги соопшти партискиот лидер и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски во изјава за медиумите што е најавена за 20 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Љутков тврди: Не сум попречил остварување на какво било работничко право загарантирано со Уставот и со закон

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?