Британците се бесни на принцот Вилијам поради Кејт Мидлтон, која од Божиќ не се појавува во јавноста.
Откако принцезата откри дека има рак во март, јавноста е загрижена за нејзиното здравје. Стигнуваат вести, а од палатата никој не соопштува, па под знак прашалник е што е вистина, а што не. Следбениците чекаат одговори, а шпекулираат дека Кејт е во многу лоша здравствена состојба и дека не била целосно искрена во видеото во кое зборува за дијагнозата.
“Кејт не ја кажа вистината за ракот. Лажеше, ја кажува половина вистина. Каков вид на рак има, до кога ќе се лекува? Ситуацијата можеби е многу полоша отколку што мислиме”, пишуваат тие.
Британците особено го свртеа вниманието кон принцот Вилијам.
“Ќе ни кажеш ли повеќе каде е Кејт? Нека ја знае цел свет таа горчлива вистина. Зошто ја чуваш дома? да одиш кај љубовницата?”, се коментарите на службениот профил на Инстаграм профилот на принцот и принцезата од Велс.
Претходно, се појавија гласини дека Кејт ја разгледува опцијата да се појави во Лондон за да го одбележи официјалниот роденден на кралот Чарлс, кој е на 15 јуни.