Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Од:

Специјалното обвинителство во Тирана официјално побара казна од вкупно 93 години затвор за 11 лица обвинети за шверц на 485 килограми кокаин од Колумбија.

Дрогата беше запленета есента 2022 година, а беше испорачана од Колумбија преку пристаништето Бар. Кокаинот бил пренесен преку пристаништето Пиреја, во Грција, до пристаништето Бар, во Црна Гора. Потоа по копнен пат бил пренесен во Албанија.

Обвинителството на Албанија го товари поранешниот локален функционер Виктор Черванаку и уште десет други за трговија со дрога од Колумбија. Обвинителот му предложи на судот Черванакu да биде осуден на десет години и осум месеци затвор.

Дрогата била откриена на 24 ноември 2022 година во станот на Черванаку, кој дотогаш бил специјално претворен во лабораторија за кокаин. Обвинителството тврди дека обвинетите дејствувале организирано, а доколку дрогата стигнела на црниот пазар би била вредна 40 милиони евра.

Според обвинителството, истрагата утврдила дека кокаинот по копнен транспорт до пристаништето Бар, бил донесен во Албанија на 19 септември 2022 година.

„Супстанцијата беше транспортирана и скриена во товар со вештачко ѓубриво, спакувана и натоварена во контејнер, која од Колумбија преку пристаништето Пиреја, во Грција, беше транспортирана до пристаништето Бар во Црна Гора. Товарот по копнен пат влегол во Албанија на На 19 септември 2022 година и по царинењето на товарот во Тирана, тој е пренесен во селото Фракул е Махе, кај Фиер, каде полицијата го запленила наркотикот“, соопшти претходно албанското обвинителство.

По пристигнувањето на дестинацијата на овој товар, криминалната група обезбедила специјализирани лица кои ќе овозможат екстракција на чист кокаин, со кој потоа ќе се тргува.

Според обвинителството, Николин Ѓолена, Клиди Вриони (алијас Клиди Кодра), Виктор Черванаку и неговиот син Денилсон Черванаку се лицата кои ја создале, организирале и раководеле криминалната група за шверц на дрога од Колумбија, додека Зенел Черванку, Енџи Ферхати, Редион Меши, Џулијан Малеј, Марилдо Рона, Бледар Матоши и Колумбиецот Самир Росалес Родригез биле членови на оваа криминална група.

За сите нив обвинителството бара од две до 12 години затвор.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Предраг Петровиќ

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски