Хамас ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за поддршка на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа

Од:

Палестинската милитантна група Хамас ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за поддршка на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека е подготвена да работи со посредниците за спроведување на принципите на планот.

„Хамас го поздравува она што беше вклучено во резолуцијата на Советот за безбедност со која се потврди постојан прекин на огнот во Појасот Газа, целосно повлекување (на израелските сили), размена на затвореници, реконструкција, враќање на раселените, отфрлање на каква било демографска промена или намалување на подрачјето на Појасот Газа и испорака на потребната помош за нашиот народ во Газа“, се вели во соопштението на Хамас, пренесува Ројтерс.

Хамас, исто така, ја изрази својата подготвеност да се вклучи во индиректни преговори за спроведување на принципите кои се во согласност со барањата на „палестинскиот народ“.

Би можело да ве интересира

Хамас: Нема да има договор за заложниците додека не заврши војната во Појасот Газа

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Глад во Газа, на северот никаква помош нема цели 40 дена

Катерина Ѓуровски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Се огласи Хамас: Трамп да учи од грешките на Бајден

Катерина Ѓуровски