Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференција за обнова на Украина во Берлин

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на 11 и 12 јуни 2024 година, во Берлин, Сојузна Република Германија ќе учествува на Конференцијата за обнова на Украина.

На конференцијата, чии домаќини се германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, е предвидено учество на шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнис и граѓанскиот сектор.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има свое обраќање на настанот.

Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија. Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина, информираат од кабинетот на Давкова Сиљановска.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон