Левица: Продолжува узурпацијата на охридското крајбрежје – Пецаков не реагира

Од:

Несанкционираното самоволие на неколку локални моќници во Охрид и натаму продолжува. Со одобрение на градоначалникот Кирил Пецаков, локалната власт и Владата предводена од ДПМНЕ, продолжува и бетонската узурпација на охридското крајбрежје. Охридското Езеро, градот Охрид и статусот за заштита на УНЕСКО, денес се загрозени повеќе од било кога. Урбаната мафија продолжува да ужива во своите можности за напредок на бизнисите и остварување на поголем капитал за време на летната сезона, а инспекторите вклучени во организираната корупција уживаат во комфорна зона во нивните удобни фотелји, се вели во реакцијата на Левица.

„Земаме предвид дека секоја страна има своја верзија, така што сакаме да слушнеме верзија и од надлежните институции, како овие овие моќници можат да узурпираат и со тоа да остваруваат профити, а езерото да биде заробеник на интересите на поединци. За потсетување, пред неколку месеца, политичката партија Левица реагираше за градежни зафати на самиот езерски брег кај Канео, за што и поднесе Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор. Од службата тогаш добивме одговор дека се гради од „непознат сторител“. Овие денови сме сведоци дека и пред плажата пред Хотел „Аквалина”, исто така, „непознати инвеститори“ го прошируваат брегот. Бараме одговорност за градоначалникот Пецаков и инспекциските служби кои работат спротивно на Законот и препораките на УНЕСКО со што ја злоупотребуваат службената положба“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он