На 26 февруари Мицкоски рече дека ДУИ не е повеќе фактор и треба да се игнорира. Денеска како што можеше јавноста да види воопшто не биле игнорирани, на средба со ВМРО-ДПМНЕ се договарале. На 24 април Мицкоски обвини дека СДСМ се пудлици во скутот на ДУИ. После денешната средба и коалиција прашањето е кој во чиј скут седи, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска синоќа во македонското Собрание.
Петровска потсети на изјавите на Мицкоски и потенцираше дека за неколку дена неколку пати го погази зборот.
-Минатата недела гласавте за се она што 2017 година критикувавте. Денешното однесување со закажувањето на седницата во 22.00 часот по итна постапка е уште едно погазување на се она што ВМРО-ДПМНЕ го говореше изминатите 7 години. Се посипавте со пепел уште неседнати во Влада. Обинувавте за скратена постапка а денеска молк, штама. Неважно е што се работи за системски закон, неважни се принципите за кои 7 години зборувавте, неважна е експертката јавност, Деловникот, рече Петровска
Третото посипување со пепел односно голтање на зборови е соопштението од ВМРО-ДПМНЕ објавено вчера за средба со Европскиот фронт, додаде Петровска посочувајќи го договорот за поддржка на Законот за реорганизација на државната управа и формирањето тело коешто ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа и ќе го информира Собранието за неговата работа.
-Нели ќе го укинувавте балансасерот? Мицкоски знае за оваа средба? Затоа што на 8 мај 2024 година Христија Мицкоски рече: „СДСМ и ДУИ одат во опозиција, нив ги боли главата дека ќе одговараат до последниот. Поразен е и ДУИ кои покажаа дека се најмалку партија која се грижи за Македонија. Се им се удри од глава“. На 4 мај 2024 година Мицкоски ја повика меѓународната заедница да го факторизира криминалот на ДУИ „бидејќи тие сега истураат огромна количина на кеш, сакаат да бидат повторно дел од владата за да ги вратат тие количини на кеш.
Прашањето е што истури мнозинството денеска? На 26 февруари Мицкоски рече дека ДУИ не е повеќе фактор и треба да се игнорира. Денеска како што можеше јавноста да види воопшто не биле игнорирани. На 24 април Мицкоски обвини дека СДСМ се пудлици во скутот на ДУИ. После денешната средба и коалиција прашањето е кој во чиј скут седи? рече Петровска.