Отпочна двегодишен проект за подобрувaње на соживотот во западна Македонија

Од:

Меморандум за соработка за подобрување на меѓукултурното разбирање, денеска во Гостивар потпишаа градоначалниците на шест мултиетники општини во западниот регион на Македонија.

Проектот, кој во наредните две години ќе го спроведува невладината АДИ, со поддршка од амбасадата на Велика Британија во Македонија, вклучува истражување на меѓукултурната политика, подготовка на локална стратегија за меѓукултурна соработка и одржување локални настани, работилници и изложби.

IMG_4977

За време на свеченоста Британскиот амбасадор, Кристофер Ивон ги посочи придобивките што ги создава неговата земја преку воспоставената соработка со државите во Европа.

Според Алберт Муслиу, извршниот директор на АДИ, спроведувањето на проектот дополнително ќе ја унапреди веќе воспоставената соработка меѓу шесте општини.

IMG_4967

„Сигурен сум дека ваквата практика на креирање на локални стратегии за меѓукултурна и меѓуетничка соработка и нивна имплементација на долг рок ќе придонесе за засилен дијалог, толеранција и соработка меѓу различните етнички и религиозни заедници. Почитувањето на овие принципи е, всушност, и клучот за успехот на Македонија во евроинтегративните процеси“, додаде Муслиу.

Проектот ќе се спроведува во општините Тетово, Гостивар, Кичево, Брвеница, Јегуновце и Врапчиште.

Г.М.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски