„ Како човек што ќе ја предводи владата сум обврзан да ги почитувам законите и ќе немам никогаш дилема се додека ваквиот Устав и закони се на сила да ги почитувам, а Преспанскиот договор е дел од ова и тука нема дилема и секој кој е дел од институциите мора да ги почитува. И додека ја обавувам оваа функција претседател на Владата ќе ги почитувам законите до последна точка и запирка.Но исто очекувам и добрососедски односи на конструктивна основа кој доликуваат на 21 век. Мое човеково право е право кое е над сите права. И луѓето кои ме знаат знаат дека лесно не се изненадувам но можеби е добро да ги аргументираме позициите пред тој форум.“, вели Мицкоски запрашан за пораките од Мицотакис дека доколку не ја употребува придавката Северна, може да доживееме непријатна ситуација на наредниот НАТО самит.
„ Мене нема да ме чуете како папагал да ја повторувам придавката, а позади завесата да ве ограбувам вас и да се однесуваме како деспот како монарх. Членот 7 од договорот став 2 и 3 се јасни што значи кога едната и другата страна го користат терминот македонски и Македонија, членот 1 од истиот договор. Ајде да видиме што тие направија во изминативе 6 години во однос на договорот, а не да биде во фокус моето човеково право да го користам терминот Македонија, на земјата во која сум се родил, а да видиме што тие, а што ние направивме. Кога се менуваше знамето, кога се менуваа банкнотите, кога се користеше срамното име, кога го менувавме уставот па се ставаа пратеници во притвор па се вадеа ден пред гласањето за новото име. Јас сум подгвотвен да зборувам со секого. Мојата единствена амбиција е да направам нешто за мојата татковина и за граѓаните“, порача Христијан Мицкоски.
Запрашан дали ќе испрати протесна нота и ќе ја алармира меѓународната заедница за тоа што го прави Грција, Мицкоски вели дека засега нема активност затоа што сме надвор од институциите во ЕУ, но кога ќе сме дел ќе се бориме и браниме.
„Кога ќе бидеме внатре во институциите, ќе имаме дипломатска активност. Нема да водиме провокативна офанзивна политика, нема да градиме споменици и да преименуваме автопати, туку сакаме да градиме мостови, економска соработка, соработка во туризмот и културата. Тука сме, соседите мора да се почитуваат и ќе ги анализираме сите чекори, а внимателно ќе влечеме потези, но немаме намера да сме подлизурковсци да се понижуваме самите себе. “, рече Мицкоски.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повторно упати порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да даде категорична изјава дека кога официјално ќе стане премиер, ќе го почитува Договорот од Преспа. Мицотакис, кој вечерва говореше во централното издание на вестите на грчката телевизија Антена, посочи дека во спротивно, единствено што може да постигне е „непријатно прво искуство“ на самитот на НАТО на почетокот на јули.
„Во однос на Скопје, Северна Македонија, мојата порака до мандатарот за премиер е многу јасна. Предизборниот период заврши. Договорот од Преспа, кој за нас имаше многу проблеми, но основното достигнување е едно име за сите, ерга омнес, мора да го почитува. И да даде категорична изјава, кога и официјално ќе ја преземе премиерската функција, дека го почитува Договорот од Преспа“, рече Мицотакис