Италијанскиот скијач Жан Даниел Песион и неговата девојка Елиса Арлијан ги загубија животите во Италија во близина на градот Аоста.
Несреќата се случи на Монте Зербион, на надморска височина од 2.700 метри, кога Песион сакал да се искачи на врвот со својата девојка.
Се качувале на јаже кое очигледно не било добро фиксирано и паднале од височина од 700 метри право во провалија и страшна смрт.
Италијанската асоцијација за зимски спортови ја објави тажната вест.
– Оваа трагична вест длабоко ги погоди љубителите на зимските спортови во Италија, особено брзото скијање – се наведува во соопштението.
Инаку, Пенсион очигледно бил љубител на качување, а на крајот овој адреналински спорт му дојде до глава.
Песион неколку години се натпреваруваше за Италија на Светското првенство, но не успеа да постигне највисоки резултати, па најдобар пласман беше 22. место.