(ВИДЕО) Брановите ја однесоа младата Александра: Полицајката застана на брегот да се слика, камерата го сними ужасот 

Од:

Младата полицајка Александра Олешчук (20) исчезна во неделата во Црното Море во близина на Одеса.

Голем бран Александра ја одвлече во разбрануваното море кога застана на брегот да се фотографира. Хоророт е снимен со камера, додека локалните медиуми јавуваат дека телото на девојката  се уште не е пронајдено.

Никој од присутните не се осмели да и помогне навреме бидејќи брановите беа превисоки и силни. На видеото се чини дека девојката ја удри главата откако падна под силината на бранот.

– Сакаше да се фотографира на пристаништето како спомен од нејзиниот престој во Одеса. Првиот бран ја собори од нозе, а вториот ја однесе во морето… Во тек е потрагата по телото во која учествуваат нуркачи на Државната служба за вонредни состојби – соопшти украинската полиција.

Олешук дипломирала на Државниот универзитет за внатрешни работи Лавов во април минатата година и била локален полицаец на полициската управа на округот Ривне.

Според извештаите на локалните медиуми, Олешчук дошла во Одеса на одмор ден пред трагедијата.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Кочани: Насилник со нож ранил малолетник

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Четири жени со автомобил упаднале во простории на телевизија во Приштина, фрлени се и пиротехнички средства

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Погина позната инфлуенсерка: Ја уби сабјарка додека сурфаше

Предраг Петровиќ

Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино

Предраг Петровиќ