Ми ставиле да платам и канализација, а ние во сокакот немаме канализација – тетовци три месеци добиваат погрешни комунални сметки

Од:

Граѓаните на Тетово и понатаму доаѓаат со фактурите за комунални услуги и бараат од градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами да го реши проблемот затоа што тоа не било средено со компанијата „Заубермахер“, која го презеде собирањето на сметот од градот.

Сметките за февруари од март почна да ги издава „Заубермахер“, но наместо по жител, наплаќа по квадратен метар на домаќинството, а граѓаните реагираат дека податоците во фактурите не се точни за квадратурата, а има и другите грешки.

– Доаѓа сметка и на мене и на сопругот и плус ненормално висок износ. Ставиле канализација, а ние немаме канализација во сокакот каде што живееме. Поднесов приговор, бев до седиштето на „Заубермахер“ во селото и вчера пак истата сметка ми дојде. Требало да гледаат и по старите сметки, а не од Катастар извадиле „од ракав“. Прашав една сосетка, приближно иста квадратура имаме со куќата, нејзе 640 со канализација, а на нас на двајца 1200 без канализација. Доаѓа како струја да плаќаме, изјави Дивна Здравевска.

Жителка од тетовската населба Блок 82 рече дека плаќала сметки околу 310 денари, а сега и дошла 700 денари. – Не треба да се плаќа по квадратура, да си плаќаме како што си плаќавме затоа што ѕидовите не прават ѓубре. Сакам да биде како што било или да плаќам како самец. Првиот месец ми дојде сметката, вториот месец не, еве денес 31 во месецот и уште не дојде. Кога ќе дојде ќе се насобере, истакна таа.

Градоначалникот Биљал Касами е уверен дека чекор по чекор ќе се решат проблемите.

– Некои се покомплицирани, бараат повеќе време и информации и податоци за да се хармонизираат податоците кои ги има ЈКП Тетово со тоа што е реалноста на терен. Но, тоа што ние ветивме ќе продолжиме на неделно ниво да комуницираме со граѓаните заедно со тука директорите на сите јавни комунални претпријатија, на самото место да видиме каде е проблемот и кој треба да интервенира и да го реши тој проблем, затоа што се работи за 30 илјади комитенти. Се работи и за преминување од фактурирање по глава на жител по метар квадратен. Имајќи во предвид и тоа податоците кои се преземени од Катастар не се до крај реални. Има неколку видови на проблеми кои ќе се обидеме чекор по чекор да ги решаваме. Тоа што ветивме на граѓаните дека нема да оптоварување повеќе од тоа што е согласно законот и согласно правилникот за фактурирање на јавно-комунални услуги, рече Касами.

Според него не може да се користи старата база со податоци за корисници на ЈКП Тетово затоа што не е ажурирана.

– Мојот пример е – ние сме семејство од пет члена, а се проширува семејството и ЈКП Тетово не дошло да прави ревидирање и ажурирање на податоците. Тоа е една од причините зошто ЈКП Тетово, отпадна во таа ситуација која ја најдовме со 10 милиона евра долг. Затоа новиот систем кој е во неколку други градови и Скопје, Битола, по метар квадратен е пореален и може податоците да бидат преземени по реални. Во поранешниот систем ЈКП Тетово требало на месечно база да види кој се родил, кој умрел и е покомплицирано за менаџирање, рече Касами.

Градоначалникот ги повика граѓаните за проблемите да поднесуваат приговори во канцелариите на „Заубермахер“ во Палчиште, но и во зградата на Општина Тетово и ЈКП Тетово кај пазарот, а како крајна инстанца да дојдат на отворените средби секој последен петок во месецот.

Би можело да ве интересира

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски