Гром удрил во две млади момчиња во радовишко. Момчињата биле на ливада во моментот на невремето и во нив удрил гром. Едниот од нив, на возраст од 20 години од село Коџалија, радовишко, починал на местото, а неговиот другар, 23 годишен е повреден.
„ Околу 20 часот во ПС Радовиш било пријавено дека во 19:30 на ливада на место викано Водовод во радовишко од гром починал Р.М. (20), а со повреди се здобил З.М. (23) двајцата од Коџалево. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Радовиш,“, се вели во соопштението на полицијата.
Повреденото момче е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.