Промоција на донации – лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски во Музејот на македонската борба

Од:

Донации на лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски ќе бидат промовирани во НУ Музеј на македонската борба за самостојност на 30 мај 2024, четврток, во 19 часот.

Благодарение на соработката со семејствата Поповски и Матевски, музејот ги збогатува фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација маке-донски книжевници чии дела оставија силен печат врз општествената и културната сцена во вто-рата половина на 20. век.

Анте Поповски (1931, Лазарополе – 2003, Скопје) е македонски книжевник, поет и есеист, публицист, сценарист, продуцент, преведувач, општественик и академик. Како член на МАНУ и Светската академија на поезијата на Организацијата за образование, наука и култура на Обеди-нетите нации (УНЕСКО), се профилира како еден од афирматорите на македонска книжевна и културна сцена на национално, но и на меѓународно ниво.

Матеја Матевски (1929, Истанбул, Турција – 2018, Скопје) е значајна личност во маке-донската современа литература и култура, поет на европската лирика, есеист, новинар, пре¬ве-дувач, литературен и театарски критичар. Истакнат општественик и член на МАНУ од 1970 годи-на со значаен придонес во областа на книжевноста и културата на Македонија.
Активностите се дел од годишната програма на музејот за минатата година, реализирани со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Конкурсот за поетската награда „Антево перо“ влегува во завршната фаза

Донирани 46 лични предмети на големиот македонски поет Анте Поповски во Музејот на на македонската борба за самостојност

А1он

Научен симпозиум „Антево дело“ во рамки на манифестацијата во чест на Анте Поповски

Чествување на македонскиот поет Анте Поповски по повод 90 години од неговото раѓање

„Спомени од Првата светска војна“ во Музејот на македонската борба

Наум Локоски

Изложба „Архивите – ризници на спомени“

Наум Локоски