„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Од:

Италијанската премиерка Џорџа Мелони пристигна во регионот Кампанија каде се сретна со бројни официјални лица, меѓу кои и претседателот на регионот на кого му се одмазди за неодамнешните навреди.

Имено, на почетокот на 2024 година, претседателот на овој регион Винченцо Де Лука јљ прозва премиерката на Италија за блокирање на одредени средства за овој регион.

Меѓу другото, Де Лука се осврна и на тогашната изјава на премиерката, која рече дека сите треба повеќе да работат за доброто на државата, наместо да демонстрираат.

„Овој став е неподнослив, стотици градоначалници пристигнаа овде затоа што немаат пари за обична административна работа. Ти работи, кучко“, рече тогаш Де Лука.

Неколку месеци подоцна, Мелони го виде моментот за реванш. Гувернерот на регионот ја пречека во градот Каивано, а Мелони го поздрави на прилично необичен начин.

“Претседателе Де Лука, јас сум таа кучка Мелони. Како сте?”

Премиерката на Италија последните неколку недели ги помина доста политички активно, имајќи предвид дека во тек се последните подготовки за изборите за ЕУ, кои ќе се одржат на почетокот на јуни на територијата на Европската унија. Токму Мелони и нејзината партија Браќа од Италија сакаат да постигнат значително подобар резултат што би ѝ помогнал на европската десница целосно да ја преземе власта во Брисел.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски