Африм Гаши предложен за претседател на Собранието со 75 потписи од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ

Од:

Со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, претседателот на Алтернатива која е дел од Коалицијата „Вреди“ Африм Гаши е предложен за претседател на Собранието.

Пратениците од „Европски фронт“ ја напуштија собраниската сала, каде се одржува конститутивната седница на новиот собраниски состав.

Претходно, беше избран составот на Комисијата за прашања за именувањата и изборите.

Собранието денеска во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија и со тоа ги верифицира мандатите на 118 пратеници. Со тоа им престана мандатот на пратениците од стариот собраниски состав. На новите пратеници кои се носители на други функции исто така им престана функцијата. На вкупно шест пратеници им прекинува функцијата во Владата заради што Владата ќе ги извршува само техничките функции до изборот на новата влада.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски