Уапсена 19 годишна девојка во Карпош – Апсења и на Бит Пазар ноќеска

Од:

Полицијата извршила неколку апсења на територијата на Бит Пазар ноќеска. Во три оделни случаи уапсени се три млади лица на возраст од 22 до 26 години бидејќи полицијата кај нив пронашла марихуана.

„ Денеска (28.05.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.О.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.„

„ Денеска (28.05.2024) во 00.15 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.К.(25) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“

„На 27.05.2024 во 16.00 часот на кеј на река Вардар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.А.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.„

Во одделен случај во Карпош уапсена е и 19 годишна девојка кај која била пронајдена марихуана.

„На 27.05.2024 во 16.25 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.С.(19) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.„ се вели во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Двајца шверцуваа 65 килограми марихуана, ОЈО бара притвор само за еден од нив

Горан Наумовски

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени