Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е подготвен за дебата со лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен пред изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, велејќи дека тие ќе одлучат за судбината на Франција. Евроскептичната партија Национален фронт (РН) на политичарката Марин Ле Пен води на предизборните анкети со големо водство и ужива до 33 отсто поддршка, двојно повеќе од центристичката и проевропска партија на Макрон.
Макрон двапати ја победи Ле Пен во вториот круг од претседателските избори
„Драги мои сограѓани, разбудете се, погледнете добро кои се тие“, рече Макрон во интервју за весникот Le Parisien, зборувајќи за Националниот фронт.
„Подготвен сум да дебатирам со Ле Пен“, рече Макрон додавајќи дека сега таа мора да се изјасни за предлогот. Ле Пен на социјалната мрежа Х веднаш објави дека е подготвена за дебата, но само доколку Макрон се согласи да се повлече или да распише предвремени парламентарни избори доколку неговата партија загуби на 9 јуни. Сепак, Маккрон веројатно нема да се согласи на таков услов.
Макрон ја победи Ле Пен двапати во вториот круг од претседателските избори во 2017 и 2022 година, но оттогаш нејзината популарност продолжи да расте. Макрон не може да се кандидира за трет мандат, а изборите за Европскиот парламент се сметаат за мерка за популарноста на партијата.