Новата влада се очекува да биде формирана до 20 јуни и веројатно ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата на опозициските партии на Албанците „Вреди“ и Движењето ЗНАМ.
Ова на својот профил на социјалната платформа Икс го напиша пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по вчерашното прегласување за парламентарните избори на седум избирачки места во изборните единици 5 и 6.
Досега нема официјално потврдени информации дека се водат некакви разговори меѓу политичкиот субјект на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и ВМРО-ДПМНЕ за евентуално учество на Движењето ЗНАМ во идната влада.