Најмалку 35 Палестинци се убиени денеска низ Појасот Газа во гранатирање на израелската армија (ИДФ) и во битка на ИД со милитантите на Хамас во градот Рафах, соопштија медиумите и здравствените служби на Хамас.
Тенковите на ИД продолжија да туркаат во Рафах, стигнувајќи до областа Џибна, а ИДФ соопшти дека „трупите во моментов спроведуваат операција врз основа на информации за терористички цели во областите Бразил и Шабура“, пренесува Ројтерс.
Се додава дека ИДФ се обидува да спречи цивилни жртви и дека цивилите од споменатите области се евакуирани, додека Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (UNRWA) во понеделникот соопшти дека повеќе од 800.000 луѓе избегале од Рафах од почетокот на операцијата на ИДФ.