ИДФ погоди 35 цели низ Газа, командантот на групата Хамас загина во борбите

Од:

Израелската војска (ИДФ) денеска соопшти дека нејзините воздушни сили погодиле 35 цели низ Појасот Газа, додека групата Хамас соопшти дека еден од нивните команданти, Мухамед Џабер Абдо, бил убиен на Западниот Брег во битка со ИДФ.

Меѓу целите што ги погоди ИДФ беа складишта за оружје на Хамас, места за лансирање ракети, снајперски позиции и „ќелии на терористички оперативци“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во исто време Хамас објави дека еден од командантите на таа милитантна група е убиен во битка со ИДФ заедно со тројца оперативци во село во близина на градот Рамала.

Би можело да ве интересира

Газа: Бебе е спасено од стомакот на трудница убиена во израелски напад

САД ја критикуваа позицијата на МСП за израелската окупација на палестинските територии

Израел уби десетици Палестинци, меѓу нив еден локален новинар, неговата сопруга и децата

Израелската армија објави дека убила голем број членови на Хамас во Рафах

Најмалку 13 Палестинци загинаа, а 26 се ранети во израелско бомбардирање на Кан Јунис

Израелската војска тврди дека убила борци на Хамас во смртоносен напад врз училиште на ОН