ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки

Од:

Наместо нова позитивна листа, на големо се спроведуваат јавни набавки со вртоглаво високи износи за помалку лекови. Или власта во заминување и во овој меѓупериод до формирање на нова влада лови во матно или никако да престане со полнење на личните џебови велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо домаќинско трошење, еднаков и постојан пристап до лекови, власта во заминување демотивира и прави чекори со кои се нарушува континуитетот во снабдувањето. Во перидот до назначување на новата влада предводена од ВМРО- ДПМНЕ, апелираме сите оние кои особено сега се интензивно вклучени во процесите за набавки на лекови, да бидат совесни и свесни за периодот кој следи. Укажуваме дека периодот кој ќе следи ќе биде историски значаен период за здравствениот систем во Македонија. 1.Ќе се работи интензивно и професионално за воспоставување добро познати позитивни процеси со цел обезбедување повеќе лекови за сите пациенти по поволни цени и пониски трошоци, и за пациентите и за системот што делумно ќе го реконструираме и преку позитивната листа. 2. Ќе се работи домаќински со добро планирање, мониторирање и контрола на прометот и јавните набавки на лекови со цел лековите да ги добијат сите пациенти, се вели во објавата на социјалните мрежи.

В

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски