ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ најавува нова Влада до средината на јуни

Од:

Денес по покана на Државната изборна комисија ги подигнавме мандатите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните уверенија. Со добивањето на уверенијата, до 28 мај очекуваме да се формира Собранието на Република Македонија, до средината на јуни очекуваме да ја имаме и новата влада во Република Македонија рече Ѓорѓија Сајкоски по добивањето на уверенијата за потврдените пратеници.

– Сакам да изразам огромна благодарност до граѓаните на Македонија, за поддршката што ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и за големата одговорност сакам да посочам дека ова е голема одговорност за нас како пратеничка група, како ВМРО-ДПМНЕ. Но, сакам да укажам дека ќе ја оправдаме оваа нивна дадена одговорност.Но меѓутоа сакам исто да кажам дека во периодот што следи ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочиме кон борба против криминалот, корупцијата и ќе се насочиме кон подобро образование, здравство и ќе дадеме надеж дека тука може да се живее, работи подобро од она што беше до сега. И за брзо граѓаните на државата ќе го увидат тоа, вели Сајкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

СДСМ: Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите