Божинов: Каде е фузијата на ФК Кожуф градоначалниче?

Од:

„Каде е фузијата, градоначалниче?“, прашува поранешниот фудбалски репрезентативец од Гевгелија Ристо Божинов на заложбите на градоначалникот на општина Гевгелија да ги фузионира ФК Миравци со ФК Кожуф и со тоа се добие „еден силен фудбалски клуб, кој не само што ќе се натпреварува во втората лига туку ќе има потенцијал и квалитет веќе наредната година да биде респектабилен клуб и во Првата македонска фудбалска лига“, (цитатот е најава на градоначалникот Иван Франгов од 15 септември годинава).

„ФК ‘Кожуф’ самостојно настапува во Третата македонска фудбалска лига – Југ и досега немаме потпишано договор за никаква фузија“, вели Божинов. Иницијативниот одбор на граѓани загрижени за спасот на ФК „Кожуф“ одговорно тврдат дека досега не биле повикани на никакви разговори за фузионирањето на клубот, ниту, пак, потпишале некаков договор за такво нешто со ФК Миравци. Напротив, на сопствено барање, дознаваат од Централниот регистар на РМ дека градоначалникот на општината дал согласност ФК „Миравци“ од Миравци да се пререгистрира во ФК „Кожуф“ и во називот да го употребува зборот Гевгелија.

POTVRDA OD GRADONACALNIK do CR

„Ова е само реклама и илузија на мегаломанските амбиции на недокажани спортски работници што го советуваат градоначалникот. Гевгелија нема сили да одржува клуб во прва лига. Освен ако градоначалникот нема намера целокупното буџетско одвојување за спортот да го намени за ФК ‘Миравци’. Тогаш се прашувам која ќе бие цената што треба да ја платат сите спортови во Гевгелија за да ФК ‘Миравци’ стане прволигаш?“, вели Божинов.

Тој изрази сомнежи за фаворизацијата на миравчкиот клуб од страна на градоначалникот со самото тоа што тој со договор кој не го видоа членовите на општинскиот Совет им го даде на користење градскиот стадион на 10 години на ФК „Миравци“. Исто така, и покрај најавите, не ја направи фузијата меѓу двата клуба, а за сомнежите да бидат потврдени беше донесена полиција пред вратите на стадионот, која им забрани влез на кожувци во нивните клубски простории.

– Градоначалниче, објаснете која е причината што ви пречи „Кожуф“, или има некоја позадина што се прави со ФК „Миравци“, а се крие од народот – прашува јавно поранешниот гевгелиски клубски играч, репрезентативец и член на Иницијативниот одбор за спас на фудбалски клуб „Кожуф“, Ристо Божинов.

IMG_1295

Божинов ги оспори остварувањата на градоначалникот во областа на спортот, зашто во неговиот мандат го отстапува градскиот стадион на Миравци, а седиштето на Општинскиот фудбалски сојуз е предадено на Дојран. Тоа ги отежнало работите за регистрација на играчите, бидејќи ОФС 20 дена останал недостапен за претставниците на „Кожуф“, а без соблекувалните од градскиот стадион децата се мачат и одат да играат по селата. –„Каде е тука грижата за спортот?“, резигнирано оценува тој.

Со укажувањето за пропустите на градоначалникот, Божинов упати потсетување дека Општина Гевгелија, според усвоената програма за спорт за 2013 година, ги должи утврдените два милиони денари кон ФК „Кожуф“, кои со истекот на третиот квартал од годината сѐ уште не се исплатени.

– Дали со измислената фузија, која никогаш не е спроведена, парите за „Кожуф“ ќе се слеат на сметката на „Миравци“?-прашува Божинов.

ФК „Миравци“ веќе направи една фузија со ФК Вардар и според законските прописи нема право на уште една фузија. Претседателот на клубот, Васил Штерјов ,веројатно тоа го знае и во барањето за доделување на градскиот стадион во Гевгелија не споменува никаква фузија. Зошто градоначалнико Франгов не ја зборува вистината за фузијата? Зошто е обврзан да го спасува Миравци од неуспешниот дил со „Вардар“ од кој наследи и огромни долгови? Дали со лажната фузија со „Кожуф“ покрива некои сомнителни бизнис интереси. Дали ја покрива повеќегодишната загуба на клубот со кој раководеше швајцарецот Доменик Даниеле, а со кого градоначалникот потпиша договор за отстапување на „Кожуф“ и му исплаќаше средства од буџетот, иако овој не му возврати со извештај за потрошените средства, што е обврска за доделување на буџетска поддршка за следната година.

Baranje FK Miravci

Ако сите одговори за замрсениот фудбалски ребус одат на адреса на градоначалникот, неоправдана е неговата двомесечна недостапност за претставниците на ФК „Кожуф“.

„Нас како гевгеличани не нѐ личи да се расправаме по медиуми. Еве сме, тука. Но, зошто градоначалникот одбрал таков пат за спортот во Гевгелија е само негова одговорност“, вели долгогодишниот клупски играч и поранешен македонски фудбалски репрезентативец, Ристо Божинов-Бурда.

Тој најави дека ФК „Кожуф“ поведе судска постапка за враќање на клубските простории и владението со Градскиот стадион пред надлежниот суд во Гевгелија против Општина Гевгелија, која спровела незаконска постапка во отстапувањето на стадионот на клубот „Миравци“ од село Миравци. Во тек е судска разрешница.

А.Д.

 

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска