Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

Од:

Вкупно 2 356 гласови изнесува разликата да се стане пратеник во Изборна единица 6 каде се потребни 6 662 гласови и Изборна единица 1, каде се потребни најмногу гласови на граѓаните, односно 9 018. Во случај на една изборна единица секој од 120-те пратеници би вредел по 8 088 гласа.

Ова го покажува анализата на МИА на вкупниот број на гласови што партиите ги освоија во секоја од шестте изборни единици на Парламентарните избори 2024 година поделени со бројот на мандати.

Во Изборна единица 2, еден пратеник чини 8 577 гласови, нешто помалку во Изборна единица 3 – 8 035 гласови и 8 264 во Изборна единица 4.

Изборна единица 5 е местото на кое еден пратеник се добива со 7 959 гласови на граѓаните.

Симулацијата на изборните резултати од Парламентарните избори 2024 година, според Донтовиот модел, доколку цела држава би била Една изборна единица, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ би имале два помалку од освоените мандати, односно 56, СДСМ плус еден (19), ДУИ два помалку, или 17, Вреди исто како и сега – 13, Левица плус два пратеници (8) и ЗНАМ еден повеќе, или седум пратеници. Во случај на една изборна единица секој пратеник би вредел по 8 088 гласа.

Според последните податоци на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоени 58 мандати во новиот пратенички состав врз основа на обработени 99,60 отсто од избирачките места во сите шест изборни единици на територијата на целата држава.

Нема промени во бројот на пратенички места што ги освои СДСМ – 18, а идентичен е случајот и кај коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, која, како што покажуваат првичните резултати, останува со 19 пратеника.

Промена има и кај Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на Максим Димитриевски, кое, според последните податоци, сега има шест пратеници, за разлика од претходните пет од синоќа. Со ова партијата на Димитриевски во моментов е изедначена по бројот на пратеници со Левица, која останува на бројката од шест освоени мандати во новиот парламентарен состав.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Стојаноска: Гласајте за број 9 зошто гласот за Димче во Гостивар е глас за Али

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски