Даштевски: Имавме успешни, фер и демократски избори, цензусот за претседателските избори е исполнет

Од:

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски вечерва на прес-конференција оцени дека денешните двојни избори – вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори биле фер и демократски и дека успешно и професионално се спроведени.

– Еднакво право на глас е дадено на сите граѓани. Тие гласаа по сопствена волја, истакна Даштевски, заблагодарувајќи им се на сите изборни органи за нивната работа, на медиумите за позитивното известување, како и до сите учесници во изборите.

Според него, и денеска се потврдиле оценките на меѓународните и на домашните организации за беспрекорно организирани избори во услови кога се спроведуваат два вида избори.

Даштевски соопшти дека постигнат е цензусот за претседателските избори. Така, до 18:30 часот од обработени податоци од 3.186 избирачки места одѕивот е 46,31 отсто, а на гласање излегле 767. 715. Најголема излезност има во Новаци 72,76 отсто, а најмала во Липково 7, 35.

Одѕивот на парламентарните избори е 53,30 отсто од обработени 3.186 отсто од гласовите односно на гласање излегле 887.767 граѓани. Најголема излезност има во Новаци 74,85 отсто, а најмала во Центар Жупа 18,62 отсто.

Излезноста во Првата изборна единица е 59,32 отсто, во Втората 52,39, во Третата 57, 77 отсто, во Четвртата 58,36 отсто, во Петата 50, 91 и во Шестата изборна единица 40, 40 отсто.

Во текот на денот биле поднесени 490 приговори за избирачко право, од нив 263 се усвоени, 33 се отфрлени, 88 се одбиени, а другите се во обработка.

Гласањето, како што соопшти Даштевски, ќе биде продолжено во избирачко место во Зелениково, во Гази Баба, во Центар и во Кочани.

Се очекува ДИК да излезе со првични неофицијални резултати од изборите најдоцна до 23:30 часот.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино