Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјавија дека му изминал мандатот, поради што на крајот на месецот ќе ја напушти функцијата и посочи дека е лажна вест дека е отпуштен.
„Во текот на викендот наводен новинар пишуваше за моето разрешување и поврзаноста со српската влада и сакам да кажам дека се во тие написи е лага. Сопругата не добиваше пари од ниту една странска влада. Во секоја амбасада каде што работев во Боливија, Португалија, Италија и Србија, таа контактираше со луѓе без никакво плаќање“, рече Ескобар на онлајн прес-конференција.
Како што рече, лажно е и тврдењето дека изворот за ова е од Конгресот, кој наведува дека Конгресот не одлучува за неговото именување.